Медена маска против акни и брчки

Медот е една од главните состојки во многу козметички производи. Ефикасен е и во борбата против брчки, акни и проблеми со сува кожа. Овој сладок производ  се користи во служба на убавината многу одамна, а ние ви откриваме два „ медени “ рецепти кои ќе ви помогнат да се справите со сувата кожа и да ја спречите појавата на акни.

Доколку имате проблем со сува кожа и кожата често ви првути испробајте ја маската од мед и јајца. Изматете едно јајце додадете мед и добро измешајте. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува 15 – 20 минути. После тоа измијте го со млака вода. Постапката повторете ја неколку пати неделно.

За да го спречите создавањето на акни, едноставно нанесете лажица мед на чиста кожа. Оставете медот да отстои околу 15 минути и измијте го со топла вода. За да се ослободите од мозолчињата, пред спиење нанесете по некоја капка мед директно на секое мозолче, а потоа покријте го со газа. Медот ќе ја стерилизира областа околу мозолчето и ќе го спречи ширењето на бактеријата.