Пушењето, сонцето и премалку јадење овошје му додаваат на лицето повеќе од 10 години.

Лошите навики може да ја остарат кожата за 10 години, потврдува студија заеднички спроведена од Велика Британија, Кина и Шпанија врз 585 жени на возраст од 25 до 75 години. Лошите навики се криви за 33 одсто, а генетиката влијае со 50 одсто.

Прекумерното излoжување на сонце и на штетни УВ зраци, пушењето, исхрана сиромашна со овошје и некористење на хидратантни креми ја уништуваат кожата и го забрзуваат стареењето. Поради тоа жените со лош животен стил изгледаат 10 години постари од жените кои редовно ја негуваат својата кожа , потврдува истражувањето. Негата на кожата не значи само користење на скапи креми туку најважно е како се храниме и да пазиме на животниот стил. Промените се добредојдени и можат да ја подобрат состојбата на кожата истакнува Dr. Andrew Mayes спроведувачот на студијата.