Цуцлата и палецот влијаат на дефектите во говорот

Чилеанските научници спровеле студија  во која се вклучени 128 деца на возраст од 3-5 години.

Родителите на децата приложиле детални информации на истражувачите за навиките на децата, вклучувајќи ги и информациите за цицање на палецот и употребата на цуцла во текот на раното детство. По добивањето на информации, истражувачите го анализирале развојот на говорот кај децата.

Се покажало дека децата кои се до деветиот месец не се хранеле со шише, имаат помала веројатност да се развие пореметување на говорот

Децата кои го цицале прстот или користеле цуцла – лажливка повеќе од три години, биле три пати повеќе изложени на ризик од развој на дефекти во говорот отколку нивните врсници кои не го правеле тоа.

Резултатите од ова истражување се објавени во списанието BMC Педијатрија и покажуваат дека ” цицање нешто друго освен градите на мајката може да игра клучна улога во развојот на говорот кај малите деца”, рече авторот на студијата, Кларита Барбоса.

Таа, исто така, нагласи дека овие резултати се добиени врз основа на “набљудување” и дека тие треба да бидат третирани со претпазливост.