Повеќе вода, помалку главоболка

Водата може да ја ублажи главоболката особено кај лицата што патат од мигрена, тврдат научниците. Најмалку седум чаши вода дневно се потребни за да го намалите чувството на болка.

Истражувањето го направиле холандски научници од универзитетот во Мастрихт. Во истражувањето биле вклучени повеќе од сто испитаници кои често пателе од слаба или интензивна главоболка. Испитаниците биле поделени во две големи групи и им биле поделени совети како да го променат животниот стил.

Една од двете групи била советувана да пие по најмалку седум чаши вода дневно додека другата не. Подобрувањата биле очевидни кај луѓето кои три месеци без прекин секојдневно пиеле по најмалку седум чаши вода.

Специјалистите кои се занимаваат со мигрената неможат да го објаснат овој феномен иако велат дека можеби се работи и за плацебо ефект. Но, како и да е добар дел од нив сепак признаваат дека подобрувањето на состојбата е очевидна кај луѓето кои конзумираат повеќе течности.