Арганово масло – Како да го користите еликсирот од дрвото на животот за нега на коса?!

ргановото масло познато и како мароканско масло е производ на мароканското дрво арган. Се вади од срцевината на аргановото дрво и се користи како хидратантен крем или балзам бидејќи и дава мекост на кожата и косата.

Аргановото масло многу често се нарекува и течно злато поради неговиот извонреден квалитет, содржи големи количини на хранливи материи, вклучувајќи и витамин Е и масни киселини, и има докажани позитивни ефекти доколку правилно се употребува. Најчесто се користи за нега на косата и кожата.

ЗОШТО ТРЕБА ДА КОРИСТИТЕ АРГАНОВО МАСЛО ЗА КОСА?

Аргановото масло многу често се користи во третманите за нега на коса. Тоа е многу корисно за косата и кожата на главата и многу често се користи како балзам.

Витаминот Е има многу позитивно влијание на косата, а токму овој витамин е застапен во аргановото масло во големи количини. Витаминот Е го поттикнува растењето на косата и содржи антиоксиданти кои придонесуваат за растот на здравата коса. Ова масло исто така е многу делотворно и за повторен раст на косата, во случај на зголемено опаѓање. Аргановото масло има низа позитивни ефекти на косата – ја хидрира кожата на темето, се бори против настанувањето на првутот и сувата кожа на главата, а истовремено го поттикнува растењето на здрава и силна коса. Помага да се ублажат или целосно отстранат штетите настанати од хемиските третмани и бојадисувањето на косата, а исто така се користи и како средство против пукање на краевите на косата. Позитивните дејства можат веднаш да се забележат кај луѓето кои почнуваат да го користат аргановото масло. Тоа и дава мекост и сјај на косата и помага полесно да се расчешлува и обликува. Аргановото масло не предизвикува никаква иритација на кожата и можат да го користат луѓе со чувствителна кожа. Во продолжение ќе прочитате како најдобро да ги искористите неговите благодети во негата на кожата и косата.

АРГАНОВО МАСЛО КАКО ШАМПОН

Аргановото масло многу често се користи како состојка во шампоните благодарение на способноста да ја поврати мекоста, јачината и сјајот на косата. Се препорачува сите што имаат проблем со сува и лесно кршлива коса или коса оштетена од хемикалии и бои за коса да користат шампони кои содржат арганово масло. Ако користите шампон со арганово масло многу брзо ќе ги почувствувате ефектите од аргановото масло, без да се грижите колку често и во која количина да го користите, што би било случај доколку користите чисто арганово масло. Ова е лесен и едноставен метод за обезбедување на хранливите материи кои се потребни за да имате здрава и убава коса.

АРГАНОВО МАСЛО КАКО БАЛЗАМ ЗА КОСА

Аргановото масло може да се користи и као балзам за коса, при што се нанесува по миењето на косата и се остава да отстои кратко време. На ваков начин ги зајакнува ефектите од шампонот со арганово масло, и ја прави косата мека и мазна, давајќи и екстра сјај.

Многу балзами за коса ја мрсат косата и ја прават леплива или без волумен. Аргановото масло има токму спротивни ефекти. Ја прави косата полесна за обликување, особено кога се користи во соодветни количини, лесно се апсорбира и не остава мрсни траги.

АРГАНОВОТО МАСЛО КАКО СРЕДСТВО ЗА ОБЛИКУВАЊЕ НА КОСАТА

Доколку сакате набрзина да ја обликувате косата, аргановото масло е вистинското решение за вас. Покрај долготрајните придобивки како помека и појака коса, ова масло има и веднаш видливи ефекти како зголемен сјај на косата и скротување и обликување посебно на виткана коса.

За разлика од многу производи за обликување на косата кои можат да предизвикаат повеќе штета од корист поради хемикалиите кои ги содржат, аргановото масло ја негува и обновува косата снабдувајќи ја со хранливи материи. Исто така, може да се користи и пред третмани за исправање на косата бидејќи ја заштитува косата од оштетување од топлина. За обликување на косата пак, аргановото масло се користи слично како балзам, со таа разлика што косата не мора да биде мокра. Едноставно ставете неколку капки аргановото масло на дланките и поминете со прстите низ сува коса, обидувајќи се рамномертно да го распоредите маслото по косата. Не треба да ставате премногу, бидејќи е потребно време да се впие, и мала количина е сосема доволно. Ова е долготрајно средство за обликување на косата кое ќе ја направи косата полесна за ракување и ќе и даде одличен сјај.

АРГАНОВО МАСЛО КАКО МАСКА ЗА КОСА

Како маска за коса аргановото масло е најдобро да се нанесе на косата и да се остави да делува преку ноќта и да се измие наредниот ден. На ваков начин се зголемуваат ефектите од аргановото масло на косата. Се препорачува нанесување на поголеми количини на арганово масло како маска за коса бидејќи така косата ќе прими повеќе хранливи материи. Овој третман може да го правите пред некое важно случување, кога сакате косата да ви биде сјајна, мазна и бујна. Како маска се користи количина на арганово масло по ваша желба. Убаво се масира кожата на главата, косата и врвовите, а потоа косата се мота во крпа или се става капа за да не ја измрсите облеката и перницата. Држете ја маската неколку часа или во текот на ноќта, како што кажавме претходно, а потоа измијте ја со шампонот што го користите. Вашата коса ќе изгледа сензационално – и што е најважно од се, нема да ја изложувате на штетните хемикалии кои се присутни во поголемиот број на комерцијални маски за коса.

ЧИСТО АРГАНОВО МАСЛО ИЛИ ПРОИЗВОД СО АРГАНОВО МАСЛО

Аргановото масло може да се користи чисто или како состојка во шампон, балзам или средство за обликување на косата. Ефикасно е и во двата случаи и останува на вас да одлучите што ќе изберете. Кога станува збор за чисто арганово масло, во предвид треба да се земе и неговата цена која е релативно висока, бидејќи станува збор за ретко масло. Од друга страна, производите кои содржат арганово масло имаат поповолни цени и се полесно достапни за широка потрошувачка.