Ароматична чорба од печурки

Во длабок сад ставете на оган да се загрее маслото за јадење. Кога ќе се загрее ставете го ситно исецканиот кромид и пржете додека не порумени.

Потоа додадете ги печурките исецкани на тенки ленти. По 1-2 мин пржење додадете го виното и водата, поклопете го садот и варете 20 минути.

Потоа се додава крупно исецканиот кромид и зачинете по желба и се остава на оган уште 15 минути. Во друг сад настрана пенесто се мати јајцето со малку масло и сол. Се додава малку од течноста која се вареше и се промешува убаво. Така измешана, се става во садот со чорбата од печурки при тоа мешајќи постојано. Се поклопува, се трга од оган и се остава да отстои 10 минути.

Потребни состојки:

400 гр свежи печурки
1 јајце
1/3 шоља маслиново масло
2 лажици бело вино
2 лажици лук во прав
1 главица кромид
зачини, сол, бибер