Артичок – малиот зелен афродизијак на големите мажи

[pro_ad_display_adzone id=”11973″ popup=”1″ popup_bg=”#000000″ popup_opacity=”0.8″][pro_ad_display_adzone id=”11973″ flyin=”1″ flyin_position=”bottom-center” flyin_delay=”10″]Славата на чудесниот зеленчук започнува уште од времето на Старите Римјани кои како вистински љубовници често ја конзумирале артичоката прoпишувајќи и чудесни афродизијачки својства.
Најголемиот митолошки љубовник богот Зевс се заљубил во една убава жена по име Cynara која ја претворил во божица и ја земал да живее со него. Неговата Cynara не била задоволна од новиот живот и посакала да се врати на земјата, а Зевс лут на неа ја вратил на земјата претворена во артичок.

Cynara е ботаничкото име и првото артичок растение кое расте во медитеранските земји, јужна Европа, северна Африка и Канарските острови. Античките народи го користеле артичокот и како храна и како лек.

Старите Грци го користеле артичокот како делитатес во нивните гозби и како третман при дигестивни тегоби и верувале дека жените кои јадат артичок ќе имаат машки деца, а мажите ќе бидат плодни. Кралот Луј 14ти бил голем љубител на овој зеленчук, а во 16ти век артичокот им бил забранет на жените бидејќи се докажале неговите моќни афродизијачки дејства .

Големите љубовници во Стариот Египет го јаделе сиров за да ја подобрат сексуалната моќ. Верувањата за афродизијачката моќ на овој необичен зеленчук се сеуште присутни особено кај машката популација. Има многу видови артичок и тие се разликуваат по нивната големина и боја, но сите видови се мошне популарни.

Најголем производител во светот е Италија и веројатно артичокот е тајната на големите италијански љубовници. Благодарение на модерната фармацевстка индустрија покрај свеж, артичокот е достапен и како додаток во исхраната подготвен во капсули и естракт форма што е навистина многу полесно за конзумирање бидејќи во една капсула ја имате целата моќ на плодот .

Подарете му на Вашиот љубен букет од артичок како што тој ви подарува букет рози и заеднички уживајте во неговото приготвување, а најмногу во неговите бакнежите додека го приготвувате овој вкусен италијански деликатес.

Италијански тестенини во сос од артичок

Потребни состојки:

. 5 млади плодови артичок
. 20ml лимонов сок
. 50ml бело вино
. лук, магдонос сол и црн пипер

Листовите од младиот артичок убаво сварете ги во солена вода во која ќе го додадете и
лимоновиот сок . Откако листовите од артичокот убаво ќе омекнат пропржете ги во
маслиново масло во кое постепено ќе додавате од белото вино . За пикантен вкус
додадете и малку лук, црн пипер и сол по вкус.
Сосот од артичоки послужете го со тестенини по избор, вкусно солено сирење и чаша
бело вино.

Boun Appetito !