Артичок – Спас за проблемите со црниот дроб

Артичоката со векови се користи како традиционален лек за проблеми на црниот дроб. Богатството од антиоксиданси особено, цинарин и силимарин, на природен начин ја подобруваат општата здравствена состојба на црниот дроб со намалување на токсини и нивно полесно одстранување од црниот дроб и целокупниот организам.

Цинаринот и флавоноидите, вклучувајчи го и лутеолинот, се силни антиоксиданси кои можат да помогнат во превенција на оштетувања на црнодробните ќелии.

Артичоката, исто така, го заштитува црниот дроб од повторни воспаленија и инфекции, и ја подобрува неговата работа доколку лицето веќе има здравствен проблем и тегоби.

Нездравиот начин на исхрана е главната причина за замастување на црниот дроб но благодарени на Артичокот како ризница од најмоќните антиоксиданси тој чест здравствен проблем може навремено да регулира или спречи.

Некои студии, дури и прикажаа дека овие антиоксиданси активно го обновуваат повторниот раст и ги „санираат“ оштетените клетките на црниот дроб, кој е еден од најбавните органи за регенерирање во телото. 

Модерната медицина конечно се надополнува со она за што традиционалната медицина е позната со векови наназад, а меѓу тие традиционални природни лекови се вројува и Артичокот – омилениот плод од медитеранот помоќен од било кој лек!