Бикини зоната е опасно да се депилира

Иако денес денес депилираната бикини зона стана прашање на хигиена, американската докторка Емили Гибсон истакнува дека отстранувањето на влакната на препоните всушност е многу опасно.

-Отстранувањето на срамни влакна го зголемува ризикот од инфекции, но и сексуално преносливите болести меѓу младите луѓе, тврди американската докторка Емили Гибсон!

Таа појаснува дека хирурзите веќе одамна сфатиле дека отстранувањето на влакна од телото не носи корист. Во различни зафати се отстрануваат влакна за да се спречи инфекција, но се случувало спротивното.

Кожата страшно страда за време на депилацијата, истакнува Гибсон и напоменува дека не е важно за кој начин на депилација станува збор – сите се штетни.

Особено се осетливо гениталните области: ‘Свежо депилираните генитални подрачја се исклучително чувствителни и често се случува да се појавуви херпес, како и други тешкотии’.

Гибсон ја предупредува јавноста дека срамните влакна имаат своја цел и дека треба да останат таму каде што припаѓаат. Тоа очигледно нема да се случи, барем не во блиска иднина. Покрај тоа што се развила цела индустрија која заработува од депилација, отстранувањето на влакна стана и прашање на навика и лична хигиена.