Босилек, вкусен и здрав лек

Веќе илјадници години се користат лековитите својства на босилокот. Покрај пријатниот вкус, волшебната арома и убавиот изглед, што му обезбеди сигурно место во кујната, босилокот (Ocimum basilicum) има карактеристики поради кои и нутриционистите и лекарите го препорачуваат. Се верува дека потекнува од Индија, а за него знаеле и Египќаните уште од пред 5.000 години.

Според пишаните податоци, ова растение во Европа околу 12-ти век го донеле монаси. Ароматичниот Босилок од памтивек се употребува за религиски церемонии, како зачин, но исто така и како одличен природен сојузник во обновување на нарушеното здравје. Поради корисните состојки се користат гранките, лисјата и цветовите.

Цар на градината е богат со лековити состојки и супстанции како што се растителните влакна, гликозиди, етерични масла, камфор, метил кавикола, минерални соли, сапонини, тинол-лиенола, цинеол .

Употребен како зачин, босилокот и дава вкус на храната и го подобрува варењето на тешка храна и ја чува од расипување. Готвачите го препорачуваат како додаток во храната од компир, пченка, карфиол и модар патлиџан. Неизоставен е во медитеранската кујна за подготовка на преливи, а најдобар е во комбинација со домати. Лековитоста на босилокот особено доаѓа до израз во борбата против акни, третманот на анксиозност, астма, заболувања на мочниот меур и уринарниот тракт, црниот дроб, болка во мускулите, мигрена, чиреви, болки во стомакот, депресија, дијареа, егзема, менструални проблеми, настинки и грип, проблеми со циркулацијата, разни инфекции.

Најчесто се употребува чајот од босилок (листовите не треба долго да се остават во топла вода), но не би требало да го заборавиме ни маслото, потсетуваат експертите, што е ефикасно во решавање на проблемите со кожата.

Босилек делува како седатив, може да ја намали болката, и е добар против грчеви.

Поради седативните ефекти не се препорачува за бремени жени во првата половина од бременоста ниту за бебињата