Брускети со домати

Највкусното предјадење, италијански специјалитет, брза подготовка, омилена закусна на домашните и убави и вкусни за послужување за гости.

Потребно е:

6 шери домати

100гр излупени домати

3 чешлиња лук

Малку оцет Балзамико

Малку свеж босилок

Маслиново масло

Сол

Мелен црн бибер

1 француски багет

250гр моцарела сирење

 Подготовка:

Исецкајте ги шери доматите и лукот. Потоа измешајте ги во еден голем сад заедно со излупените домати, маслиновото масло, сол, бибер, оцет и босилок. Оставете ја смесата да одстои десетина минути.

Исечете го багетот на парчиња со дебелина од 2 см. Наредете ги во тавче и загрејте додека да поцрвенат. Потоа рамномерно распределете ја смесата со домати на секое парче и посипете со нарендана моцарела. Тавата вратете ја во рерна и пoчекајте уште 5 минути, додека да се стопи моцарелата.