“Buletproof” кафе, со ова кафе се слабее до 40 килограми! Еве како се подготвува!

Ако сакате да ослабете, многу нутриционисти ќе ве советуваат да избегнувате кафе или барем она со млеко. На многумина оваа одлука тешко им паѓаше, сè додека не се појави бизнисменот Дејв Аспреј со својот пијалок и го „запали“ целиот свет.

Овој пијалок го пласираше бизнисменот Дејв Аспреј и за еден момент го „запали“ светот. Тој го нарекол “Buletproof” кафе. Иако миксот е многу калоричен, тој наводно прави чуда за симнувањето на килограмите. Аспреј тврди дека со него ослабел 40 килограми.

Една шолја од ова кафе содржи од 200 до 500 калории и 45 до 65 отсто незаситени масти. Служи како замена за оброк и после него нема да бидете гладни во следните три часа. Исто така, го продолжува ефектот на кофеинот, па една шолја од ова кафе ќе ве држи будни дури до 6 часа, а нема ни нагло паѓање на енергијата штом кофеинот ќе исчезне.

Оригиналната верзија на овој пијалок е направена од зрна кафе со помалку токсини, несолен путер добиен од крава која се храни исклучиво со трева и од кокосово масло. Не очајувајте што е едноставно невозможно да се најдат овие состојки кај нас – постојат и други комбинации.

Од разните верзии, оваа е можеби највкусната и лесно ќе ги најдете состојките.

Потребни состојки:

» 1 лажичка нес кафе
» ½ лажичка какао или неколку капки арома од ванила
» 1 дл бадемово млеко
» 1 дл зовриена вода
» 1 лажичка органско кокосово масло

Постапка:

Во шолјата ставете го несот и какаото и додадете ја водата. Изматете со миксер за нес кафе, а потоа додадете топло бадемово млеко. На крајот ставете една лажичка кокосово масло. Запомнете – ова е замена за оброк.

Доколку го пиете овој пијалок и покрај него се храните нормално, многу брзо ќе забележите промена во телесната тежина. Ова всушност е двоен ефект, за оние кои сакаат да изгубат некој килограм, како и за оние кои сакаат да се здебелат – помага за слабеење (ако се зема како замена за оброк) или за дебелеење (ако се пие со оброк).