Чоколаден колач со крушки … вкусот на есента

Слатко чоколадно задоволство „зачинето“ со вкусот на есента – жолтите крушки.
Неодолив колач, брза подготовка за совршен вкус & неодолив мирис на вашата кујна на тазе печен есенски колач.

Состојки:

  • 120 г брашно
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 3 јајца
  • 8 лажици путер
  • 200 г шеќер
  • 3 круши
  • 150 г чоколада за готвење, искршена на парчиња

    Приготвување:

    Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте ја тавата или калапот со путер и набрашнете ја. Излупете ги крушките и исечете ги на долги тенки ленти. Искршете ја чоколадата на мали парчиња.Во мал сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Потоа во голем сад со миксер убаво изматете ги јајцата. Додајте шеќер и матете уште малку.Во меѓувреме, загрејте го путерот на средно висока температура, со често мешање. Путерот треба да почне да пушта меурчиња, да замириса, а потоа и малку да потемни. Кога ќе почне да потемнува, постојано мешајте и внимавајте да го тргнете од рингла веднаш штом ќе добие златно-кафеава боја. Постепено додајте го путерот во смесата со брашно и матете со миксерот на мала брзина.

    Исклучете го миксерот и со гумена лопатка соберете ги брашното и путерот од страните и измешајте ги во смесата. Истурете го тестото во подготвената тава, а потоа притиснете ги лентите крушки во него. Одозгора расфрлете ги парчињата чоколада.Печете 40 – 50 минути. Проверувајте со чепкалка и извадете ја тортата од рерна веднаш штом чепкалката вметната во центарот ќе излезе чиста. Подоладете ја тортата и послужете.

  • Добар апетит !