Црното чоколадо го намалува лошиот холестерол

Американските научници објавија дека конзумирањето на производи  кои содржат какао, вклучувајќи ги и темното чоколадо може да го намали нивото на лош холестерол (LDL) и вкупниот холестерол.

Какаото е богато со флаваноли, природни хемиски соединенија за кои се смета дека имаат позитивен ефект врз концентрацијата на мастите (липиди), нивото на триглицеридите (ЛДЛ) и добриот холестерол ( ХДЛ) .

Експертите сугерираат дека одржувањето на нормалната липидите во крвта го спречува развојот на кардиоваскуларни болести.

Позитивните ефекти на темното чоколадо и други какао производи би требало да го користат луѓето кои имаат висок холестерол бидејќи истите се изложени на голем ризик за развој на кардиоваскуларни болести. Сепак, лекарите велат дека се потребни понатамошни студии со цел да се прецизира дневната доза на флаванолите за секојдневна употреба.