Дали Кандидата Ве прави дебели?

Кандида: Не дозволувајте оваа габична инфекција да ви го наруши здравјето

Постои скриена борба што многумина денес не знаат дека ја водат – и се случува точно во нивното тело.

Замор и немање енергија. Депресија и анксиозност. Проблеми со дигестијата, кожни заболувања, мигрени и главоболки. Потешкотии во намалување на тежина.

Дали нешто од ова ви звучи познато?

Ако ви е познато, еве за што станува збор – најверојатно се соочувате со Кандидa.

За жал, постојат многу нејаснотии кои циркулираат на Интернет во врска со Кандида, и придонесуваат луѓето да бидат збунети околу оваа состојба или пак не успеваат сосема да ја излечат.

Што е Кандида?

Вистината е дека, секој ја има во своето тело.

Овие габички живеат во слузокожата и во цревниот тракт. Живеат во топла, влажна средина на кожата, како пазуви, препони и во вагината (наборите на вулвата).

Кандидата е нормален дел од микрофлората. Всушност, во 40-75% од оралните брисеви кај здравите возрасни лица покажуваат позитивен наод на Кандида габички и повеќе од 25% од женската популација се позитивни на Кандида во нивната здрава вагина без никаков знак за присуствo.

iStock_000032845440_Double_900

Но, доколку еднаш сте имале Кандида габички во вашето тело – и секој пат при пад на имунитетот ризикот од кандида се зголемува.

Порано, фокусот беше на Кандидата како вагинална габична инфекција и како да се излечат симптомите на истата. Но, последните истражувања ставаат акцент на гастроинтестиналниот систем и способноста на Кандидата да ги колонизира своите габички и во цревата и микрофлората и како ова може да води до воспаление кое предизвикува болест на цревата.

Синдромот на нервозни црева, Кронова болест и воспалителна болест на цревата, сите овие се  поврзани со прекумерна габична инфекција.

Конвенционалната медицина од неодамна ги поврзува – дека габичната инфекција може не само да ги опустоши цревата и да го наруши имуниот систем, но и да предизвикува алергии.

Загрижувачки симптоми на габична инфекција: Дали Кандидата Ве прави дебели?

Постојат слични здравствени состојби кои всушност се поврзани и се влошуваат од растот на Кандидата во цревата како:

  • Хроничен замор
  • Депресија и анксиозност
  • Фибромиалија и артритис
  • Атопичен дерматит
  • Миокардитис
  • Паркинсова болест
  • Рак

Уште еден загрижувачки факт: Доколку имате редовна физичка активност, водите здрав режим на исхрана и сеуште се борите со вашата тежина, шансите да имате Кандида се големи. Всушност многу веројатно е доколку некои луѓе не можат да намалат тежина нивниот единствен проблем е Кандида.

Добра вест: Кандидата може да се спречи и излечи

Здравствениот систем во САД годишно потрошува 2-4 милијарди долари на препишани лекарства за третирање на Кандида. Но, за жал, Кандидата станува отпорна на овие медикаменти, кои стануваат се понеефективни во лечењето на истата.

Но дали знаете дека постојат природни и ефикасни средства за третирање на габичните инфекции кои може да ги користите? Некои можеби ги имате на полиците во кујната!

  • Есенцијални масла и зачини кои можат да спречат размножување на габички
  • Спирулина
  • Шитаке печурки и масло од лук (капсули)
  • Борна киселина
  • Диета за Кандида (витамини, минерали & антиоксиданси) во борба против Кандидата
  • Конзумирање на пробиотициspirulina-baner (1)