Дарувањето крв го смалува ризикот од срцев удар за 88%

Истражувања покажуваат дека дарувањето крв има бројни позитивни ефекти врз нашето здравје, како што е смалување на ризикот од срцев удар , па дури  и од рак, а позитивно делува и на смалувањето на тежината.

Стручњаци сметаат дека поради ова доаѓа од смалување на превисоката количина на железо во крвта. Железото влијае на тоа колку е густа и леплива текстурата на крвта, а високо ниво на железо предизвикива дебелеење.

Магазинот “Journal of American Medical Association” пренесува истражување во кое покажува дека испитаниците на возраст од 43 до 61 година кои дарувале крв секои шест месеци имаат многу помали шанси за срцев удар,

Истражување спроведено во Финска на 2682 мажи покажува деко оние кои дарувале редовно крв процентот за срцев удар е смален за 88%.

Истотака истражување кое траело четири години, а е спроведено на 1200 луѓе покажува дека испитанците кои редовно давале крв имаат помали шанси за добивање рак.

Меѓутоа стручњаците напоменуваат дека ова има ефект доколку редовно давате крв.