Десерт од бисквити и путер од кикиритки … готов за 10 минути

Состојки:

● 1 шолја растопен путер
● 2 шолји мелени бисквити
● 2 шолји шеќер
● 1 шолја и 4 лажици путер од кикиритки
● 150 грама чоколадо

Подготовка:

Во чинија промешајте го растопениот путер, мелените бисквити, шеќерот и една шолја путер од кикиритки и мешајте се’ додека состојките не се соединат. Во микробранова печка растопете го чоколадото и со остатокот од путерот од кикиритки прелијте ја претходно подготвената смеса.

Пред да го пресечете колачот на парчиња, оставете го да се излади барем еден час во ладилник.