Детоксикација на црн дроб со артичока

Порастот на заболувања на црниот дроб е запрепастувачки. Многу од хроничните болести на црниот дроб не можат да се излечат со современата медицина. За таа цел, оние кои имаат проблеми со црниот дроб треба да направат промени во животните навики за да не дојде до поголеми оштетувања. Правилна исхрана и вежбање се најважни во листата на промени за здрав црн дроб. Исхрана која изобилува со зеленчук е една од најдобрите нутритивни програми.

Но, само неколку зеленчуци се моќни како “АРИЧОКАТА“ во борбата против болниот црн дроб.

artichoka 2

Историски гледано, Американците многу ретко ја промовирале лековитата моќ на зелечукот на своите пациенти. Од друга страна, уште од осумнаeсeтиот век Европските доктори на своите пациенти доколку имале заболувања на црниот дроб препишувале “екстракт од артичока“. Исто така лекарите на холистичката медицина ширум светот се запознаени со неверојатните особини на артичоката.

Неколку студии ја документираат моќта на артичоката во борбата против хронични заболувања на црниот дроб.

  1. Студија објавена во Јуни 2010 во издание на Biological Trace Element Research, турски истражувачи го проучувале ефектот на артичоката врз црниот дроб. Тие пронашле дека екстрактот ги намалува нивоата на холестеролот во црниот дроб.
  1. Студија објавена во Септември 2008 во издание на Experimental and Toxicologic Pathology, истражувањата покажуваат дека – предтретман со екстракт од арточока може да придонесе во спречување на оштетеување на црниот дроб.
  1. Студија објавена во 2008 во издание на Nutrition and Cancer, италијански истражувачи ја оцениле улогата на заштитен ефект од екстрактот од артичока врз клеточните линии на црниот дроб. Пронашле дека екстрактот од артичока е силен антиоксиданс кој ги заштитува клетките на црниот дроб од оштетување. Исто така, екстрактот од артичока го попречува ракот во клетките на црниот дроб.