Диета со лубеница – 3кг за 5 дена

Лубениците се одлични за слабеење бидејќи содржат 90% вода. Освен што ќе внесете доволно течности во организмот, лубениците содржат витамини и минерали. Освен тоа ништо не би Ви недостасувало од неопходните состојки доколку конзумирате лубеници како дел од нискокалоричната диета. 

Месото на лубеницата не содржи холестерол и скоро и да нема маснотии. Содржи многу калиум и витамин A, C, B6, а со одглед дека содржи и над 90% вода, ги задоволува вашите дневни потреби за вода.

Лубеницата содржи ликопен, за кои истражувањата потврдиле дека е најмоќен антиоксиданс.

Лубениците се природен диуретик, поради што многу ги користат како помошници при слабеењето.

Слаткиот вкус со малку калории е добра алтернатива за висококалоричните десерти. Можете да ја комбинирате и со други овошја со цел да направите вкусни диететски десерти.

Доручекот е ист секое утро: Една кришка лубеница, 50 грама тост леб, шолја чај.

Секој ден пијте по 12 чаши вода, чај или свежо цеден овошен сок.

1ден:

Ручек: 100гр варено говедско месо, 100 гр. Варен ориз со сос од домати, 1 резен лубеница.

Вчера: 50гр. Бело (несолено) сирење, 1 резен леб на тост, лубеница по желба.

2 ден:

Ручек: леб на тост, 60 гр варено пилешко или месо од мисирка, 1 резен лубеница.

Вечера: 100гр варена риба, 1 парче леб на тост, 1 резен лубеница.

3 ден

Ручек: 30 гр. Шпагети со сирење и домати, лубеница по желба.

Вечера: мешана салата од домати, краставици, пиперки, лук и зелена салата, 1 резен лубеница.

4 ден:

Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, 1 кришка леб на тост, 50 гр варено пилешко месо, 1 резен лубеница.

Вечера: 2 варени компири со пармезан, лубеница по желба.

5 ден:

Ручек: 50гр варено говедско месо со шампињони, лубеница по желба.

Вечера: 50гр свежо (несолено) сирење, 2 парчиња леб на тост, лубеница по желба.