Домашен компот за подобро варење и редовна столица

Многумина од нас имаат проблем со тешко варење на храната, а како резултат на тоа се јавува надуеност, тегоби и болки во стомакот.

За да си помогнете направете еден компот од кој резултатите ќе ги осетите во многу скоро време.

Направете компот така што сувите сливи најпрво ќе ги исецкате и оставете ги во ладна вода половина час да одстојат. Потоа исцедете ги и измијте ги. Во еден сад стевете вода и зовријте ја. Ставете арома по желба, наша препорака е тоа да биде лимон или ванила, па додадете ги сувите сливи. Оставете нека се варат 10 минути.

По тоа додадете излупени и исчистени круши, и продолжете да ги варите уште 5 минути.