Домашни крцкави крекери со кашкавал

Потребни состојки:

2 лажици путер без сол, на собна температура
3/4 шолја чедар кашкавал, рендан
1/3 шолја пармезан, ситно рендан
1/2 лажичка црвен пипер
Малку чили
1/4 лажичка сол
1/2 шолја брашно
1 лажица ладна вода

Подготовка:

Ставете ги во поголем сад путерот, кој треба да биде мек, крупно ренданиот чедар и ситно ренданиот пармезан, црвениот пипер, чилито и солта. Убаво измешајте ги состојките, сè додека не добиете хомогена смеса.

Потоа го додавате брашното и продолжувате да мешате. За полесно мешање можете да користите вилушка. Мешајте додека не забележите дека сите топчиња лесно се раскршуваат.

На крајот додадете ја ладната вода. Смесата која треба да ја добиете треба да биде мека и хомогена. Ако гледате дека не е таква можете слободно да додадете уште малку вода.

На тестото не му е потребно многу месење, доволно е само да добиете хомогена смеса. Потоа завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 30 минути. Тоа ќе ви помогне подоцна полесно да го развлечете во кора.

Откако ќе се излади ставете го на набрашента површина и развлечете кора со дебелина од околу 2-3 mm. Исечете го на ленти и во форма која вас ви се допаѓа.

Со помош на чепкалка на секое парче направете по 5 дупчиња и наредете ги на фолија која претходно сте ја премачкале со неколку капки масло. Печете 15 минути на температура од 190°С (рерната треба претходно да биде загреана) или сè додека не станат златно кафеави и крцкави.