Домашно направена лимонада за брзо зголемување на Ph-вредноста во вашето тело

Дали сте знаеле дека има врска помеѓу Ph-вредноста во вашето тело и многуте болести? На нашето тело доволно му е малку алкалност за добро функционирање. За жал, најмногу поради типичната американска исхрана, нашите тела имаат многу киселини. Вистината е, во нашето општество секогаш е многу полесно да внесете премногу киселини отколку да се внесе алкали. Киселината го форсира телото да позајмува минерали како што е калциум, магнезиум, калиум и натриум за виталните органи и коски за да ја неутрализира и исфрли киселината од телото. Ова е почеток на остеопороза и артритис. Една седум годишна студија на 9000 жени на Универзитетот во Калифорнија, откри дека оние кои имаат хронична ацидоза се со поголем ризик за слабеење на коските отколку оние кои имаа нормална Ph-вредност. Многу од скршениците на колкот меѓу средовечните жени се поврзани со висока содржина на киселини, предизвикана од исхрана богата со животински производи и малку зеленчук – Американски весник за клиничка нутритивност.

Дополнително, според Др. Вилијам Ли Кауден, „имунолошките клетки кои содржат премногу киселини или премалку алкали не произведуваат анти-тела или цитокини (хемиски соединенија за регулирање на други имунолошки клетки) и тие имаат оштетени фагоцитози (способност да ги зафати и уништи микробите). Како резултат на ова, заболеното лице станува подложно на вирусни, бактериски, габични и други инфективни микроби, како и канцер“.

Обновување на здравствената алкална состојба е витална за регенерација на здравјето на коските, имунолошко здравје и севкупна благосостојба.

Состојки :

2 лимони
2 лажички сиров мед
Прочистена вода

Упатство за употреба :

Исцедете сок од два лимони во чаша од 0,5 литри.

Додадете две лажички сиров мед и вода.

Пијте во текот на денот.