Домати – одлично оружје за борба против депресија

Доколку ги консумирате неколку пати дневно, поточно од два до шест пати, шансите да заболите од депресија се 46% помали од оние кај луѓе кои јадат домати помалку од два пати дневно, открива кинеско-јапонско истражување.

Иако не им е сезона, можат значително да ви помогнат во борбата против депресија. Во зима можеме да ги приготвуваме како сосови или пак супа од пасирани домати.

alt

Научниците го надгледувале здравјето и прехрамбените навики на илјадници жени и мажи во доба од 70 години и постари, кои поради некои фактори како што се осаменост, загуба, страв од болести или вистински здравствени проблеми, се повеќе склони кон депресивни состојби. Последователно на тоа истражување, докажаа дека честото консумирање на домати богати со антиоксиданс ликопен (кој се поврзува со намалување на ризикот од рак на простатата и срцев удар) го намалува ризикот од заболување од депресија за 46%, додека секојдневното квантитативно консумирање домати тој ризик го намалува за дури 52%. Ликопенот, инаку, го намалува оксидативниот стрес и оштетување на здравите мозочни клетки.

Меѓутоа, сéуште не е разјаснето дали ликопенот делува директно на мозокот или штити од депресија настаната после развојот на некои опасни болести, како што е ракот.

Исхраната богата со домати може да има корисен ефект на спречување на депресивните симптоми, додека никаква врска не е воочена со консумирање на останатото овошје и зеленчук – тврдат научниците.

alt