Дудинка природен тоник за крвта

Во кинеската медицина дудинката се смета за природен тоник за крвта, таа го чисти и зајакнува целиот кардиоваскуларен систем. Богата е со антиоксиданси, нутриенти, витамини и минерали. Во целиот свет се смета за супер храна и еден од најдобрите лекови на природата.. Постојат црни, црвени и бели плодови и сите се лековити. Дудинката е богата со алкалоиди кои го зајакнуваат имунитетот и го регулираат шеќерот во крвта. Исто така го подобрува видот бидејќи содржи витамин А, а ова е посебно важно за оние кои долго време поминуваат пред компјутер. Пиење сок од дудинка се препoрачува после операција бидејќи го забрзува заздравувањето, ја подобрува циркулацијата и ги спречува инфекциите. Се препорачува и на мајки после породување. Интересен факт е дека дудинката стимулира создавање на меланин во косата кои помага да ја задржите и освежите природната боја на вашата коса. Сокот може да го нанесете директно на косата со што се зацврстува коренот и се забрзува растот на косата