Едноставен трик: Осветлете ја косата со помош на оцет

Во летните денови нема ништо поубаво од здрава, густа, шатирана коса. Меѓутоа, наместо веднаш да заминете на фризер за да ја бојадисате, постојат мноштво методи за осветлување на косата. Еден од најевтините начини е дефинитивно оној со помош на оцет. Погледнете како да направите домашен спреј кој ќе ве претвори во егзотична блондинка во летните денови.

Состојки:
– 200 мл. вода
– 100 мл. јаболков оцет
– малку сол

Подготовка:
Помешајте ги сите состојки и секој пат кога ќе ја миете косата испрскајте се со спрејот и оставете да делува околу 5 минути. Потоа, измијте ја косата како и вообичаено. Внимавајте да не си прснете со спрејот во очи, бидејќи ќе ве печат.

Овој процес повторувајте го се додека не сте задоволни од нијансата на вашата коса.