Еве што се може да излечи кисела зелка …

Верувале или не, сармите, подварокот, салатата и другите деликатеси подготвени од кисела зелка не се само тешки зимски храни. Покрај тоа што киселата зелка прави чуда при мамурлук, исто така има и многу други здравствени придобивки.

Научниците од Кембриџ откриле дека киселата зелка баш како и туршијата или јогуртот, содржи вистински баланс на здрави пробиотички бактерии кои нашиот организам буквално ги обожава. Со редовна конзумација на ферментирани намирници, можете да ја смирите кашлицата, а и да се заштитите од настинки, грип, алергии па дури и дијабетес.

Околу 75% од имуните клетки се наоѓаат во нашите црева. Ферментираната храна го стимулира размножувањето на бактерии кои го зајакнуваат имунитетот, така да конзумацијата на кисела зелка ќе им помогне доста на оние кои се борат со настинка или грип. Исто така пробиотиците од киселата зелка прават чудо за луѓето кои имаат проблеми со гасови и подуеност.

Лекарите долго време беа скептични кон народната медицина. Меѓутоа сега и тие се почесто препорачуваат да се лекуваме со природни намирници наместо со синтетички лекови.