Гурманско козјо сирење во маслиново масло со зачини

Вкусно гурманско сирење по италијански вкус. Совршено сирење кое може да го искористите за најубавите пецива. Подгответе вкусна пита и мали неодоливи погачици.

Состојки:

  • 500 гр цврсто козјо сирење
  • 300мл квалитетно ладно цедено маслиново масло
  • 3 чешниња лук
  • 4, 5 гранчиња свеж копар
  • 3,4 гранчиња свеж рузмарин
  • 3, 4 гранчиња свеж магдонос
  • 1 лажица сува мајчина душица
  • 1 лажица суво оригано
  • 1 лажица сув босилок
  • по желба чили или буковец
  • по желба бибер

Подготовка:

Козјото сирење се сече на коцки. Во мали теглички се става еден ред од коцките сирење и се реде врз нив сецкано лукче, свеж магдонос, копар, рузмарин, суво оригано, мајчина душица и босилок и се наросува со малку чили и бибер (јас користев мешавина од 4 зрна бибер).

Постапката се продолжува со следниот ред коцки од сирење, врз нив зачините и се така додека не се наполни теглото, во зависност од неговата големина. На крај се налева ладно цеденото маслиново масло.

Се затвора и вака поготвеното сирење се остава да одстои најмалку 7 дена. Маслиновото масло прима арома од билките и сирењето и може да се користи и како додаток во некои салати за подобра арома. Самото сирење има прекрасна арома од маслиновото масло и зачините и е одличен деликатес за ексклузивна трпеза и како мезе со црно вино.
Гурмани добар апетит !