Храната како лек: Кромид за акни, спанаќ за ПМС …

Симптомите на ПМС се посилни кај жени со дефицит на железо и тие треба да го надоместат со храна. Киселите краставички лечат од надуеност, а морковите ја ублажуваат алергијата на сонце.

Едноставен, ефикасен и ефтин лек за многу болести се наоѓа во кујна, а не во аптека, вели д-р Марк Химан, автор на книгата “Решение – Шеќер во крвта” . Објаснува како свежата храна е најефикасниот лек со кој се регулира секоја биолошка функција во организмот, пишува Хафингтон пост. Така проблемот со надуеност и болки во стомакот укажува на потреба од збогатување на јадењето со свежо овошје и зеленчук, како што се свежи краставици, лубеници и целер. Тие содржат големи количини на вода и помагаат во елиминирање на токсините и остатоците во дигестивниот систем.

– Иако солта ни е потребна за живот, вишокот на сол предизвикува надуеност и задржување на водата, а храната со висока содржина на вода делува како диуретик – вели д-р Елизабет Сомер, авторка на книгата “Храна и расположение”.

Надуеност може да се појави и поради лошото работење на дебелото црево, а во тој случај е добро да се јаде папаја или нејзин ензим папаин како додаток во исхраната. Тоа ќе го стимулира варењето на храната и согорувањето на протеини, а слично дејство има и ананасот.

Депресија и промени во расположението ретко се случуваат ако појадувате

Луѓето кои јадат помеѓу 1-2 часа по станувањето, во текот на денот се со постабилно расположение, помалку уморни и повеќе продуктивни, вели Сомер. Во една британска студија откриле дека луѓето кои го прескокнуваат појадокот имаат полоши резултати на тестовите за помнење и се повеќе склони кон нервозни испади.

Идеален појадок вклучува цели житарки, снабдување на гликоза, протеини за да се намали гладот, стабилност на шеќерот во крвта, овошје или зеленчук кои содржат антиоксиданси. Минералот селен е исто така, сојузник на доброто расположение, а неговите извори се бразилски ореви, туна, јајца и мисиркино месо.

Проблеми со кожата

Појавата на поткожни мозолчиња и црвенило не е резервирана само за тинејџерите, а антиоксидансите во црвениот кромид може да помогнат во смирување на кожата, вели дерматологот Valori Treloar. Кромидот содржи глутаноион молекула која има детоксикациски ефект. Со земање на додатоци како што се фолна киселина и витамини Б6 и Б12 исто така, ќе се подигне нивото на глутатинот во телото.

Сирење, бадеми и банани за лесен сон

Иако не треба да се јаде пред спиење, сепак мала закуска еден час пред да одите на спиење може да ви ја олесни несоницата, вели неврологот Глејзер Барон. Тој објаснува дека гладот ги прави луѓето нервозни, поради што тие имаат потешкотии со спиењето. Мала порција на бадеми со банана или парче сирење со крекери ќе  обезбеди стабилност на шеќерот во крвта и ќе го намали чувството на глад. Во тоа ќе ви помогне и чаша сок од вишни, според едена неодамнешена канадска студија. Ова својство на вишната се должи на мелатонинот, хормон кој му сигнализира на телото дека е време за одмор.

Спанаќ и бел грав смируваат за време на ПМС

Зголемен глад, вознемиреност, промени во расположението и надуеност се типични проблеми за ПМС кој се јавува околу една недела пред менструацијата. Симптомите се поизразени кај жени кои имаат мали количини на железо во крвта, според една студија на над 3.000 жени. Со цел да се намалат симптомите, потребно е да се збогати исхраната со храна богата со железо, како што се грав, спанаќ, црвено месо и зелен лиснат зеленчук.

Портокаловата храна помага за кожата осетлива на сонце

Алергијата на сонце, изгореници на кожата и црвенило може да се намали или дури и целосно да се спречи со храна која содржи витамин Б, објаснува биохемичар Вилхелм Стал. Затоа, е добро во исхраната да се вклучи храната со портокалова боја, како што се морковите, портокали, пиперки и дињи.