„Давор Масажа“:Има лек и за Спондилоза ?!

Ако болките во рбетот се најчесто споменуван хроничен болен синдром на локомоторниот состав, тогаш болките во вратот и неговата непосредна околина во реалноста се најчест проблем.
Се поставува прашањето, зошто вратот толку често, упорно и интензивно боли и зошто има толку начини на лекување на истите болки, па веќе ниту лекарите, ниту физиотерапевтите не се снаоѓаат најдобро во изборот?

1012954_738135786261590_4851747631008781103_n

Вратот е составен од 7 пршлени меѓусебно споени со лигаменти и мускулни сврзници, со рскавични дискуси вметнати помеѓу самите коски. Основна функција на овој дел од главата е мобилност, со цел подобро да се перцепираат нештата. Вратот е најподвижниот дел во составот на рбетот. Вратот и рамената прават една функционална целина, од една страна ги делат истите мускули, а од друга заедно учествуваат во комплексните движења на главата и горните екстремитети.

davor

Многу често повредите или хроничните проблеми во вратот предизвикуваат дополнителни проблеми во самиот зглоб на рамото или неговата непосредна околина, но и обратно. Се на се, еден многу чувствителен и комплексен дел од нашето тело.
Ако ги оставиме на страна траумите и повредите на вратот и рамената, некои ретки малигни болести, најчеста причина за болки и ограничена подвижност во самиот врат се дегенеративните промени на тврдите и меките ткива, кои со заедничко име се нарекуваат СПОНДИЛОЗА.
Оваа дијагноза стана изговор за сите болки во вратот и околу него. Еднаш кога лекарот ќе напише дека се работи за спондилоза, тогаш треба да се помириме дека болките се нешто што пациентот ќе го следи до крајот на живото, со повремени подобрувања и влошувања. 23Таквиот став не само што ги демотивира пациентите во процесот на лекување, туку и нема никаква врска со вистината.
Самата спондилоза всушност е генетски предодреден процес кои со тек на годините ги поттикнува промените на самите пршлени, менувајќи го нивниот облик, понекогаш создавајќи остеофити (коскени испакнатини) на разни места, потоа ја намалува мекоста на рскавичните дискуси, намаливајќи ја на тој начин нивната способност за амортизација, го зголемува вложувањето на калциум во лигаментите, ја намлува нивната еластичност и влијае на мускулно-тетивниот состав на тој начин што ги скратува мускулите, па како последица на тоа предизвикува намалување на обемот на движењето во вратот, а често и во рамената. Сети тие промени јасно се гледаат на РТГ снимка, а уште подетално на МР.

Иако дијагностиката е релативно едноставна, лекувањето не е. Од самиот обем и големината на дегенеративните промени ќе зависи и пристапот кон лекувањето.
Оперативните зафати на вратниот рбет и денес се релативно ретки во споредба со оние на кичмата. Иако технологијата на самата операција во последните години е подобрена и времето за опоравување е скратено, дискус хернијата во вратната кичма, оперативно се отстранува само тогаш кога се исцрпени сите останати можности.

1920163_718595044882331_4268832691169178569_n

Треба да се спомене дека големината на спондилотичните промени и интензитетот на болки или вкочанетост на вратот не одат секогаш заедно. Во праксата се случува човек постар од 70 години и со многу напредна дегенерација на сите ткива во вратот да има многу малку болки кои лесно се отстрануваат со некои физиотерапевтски зафати.

Од друга страна, млад човек, на чија РТГ снимка можеме да видиме почеток на спондилоза, знае да развие големо вкочанување со интензивни болки кои не попуштаат ни со најсилни аналгетици.
Сето тоа зборува дека вратот како состав има можност да компезира и да се прилагодува на новите барања кои ги диктираат спондилотичните промени, па тоа прилагодување може да се подобри на начин што болките ќе се остстранат, а мобилноста на вратот ќе се зголеми.
Ако ги изземеме оперативните зафати како крајна нужда и лекарствата како краткотрајно решение, тогаш единствено како трајно решение останува да се применат методи од физикалната терапија.

 

10247507_623255114416325_3795153143260675438_n

Кога пациентот е со изразени болки во вратот, меѓулопатната регија и (или) рамената (а можно е да има и вртоглавица и главоболка), се што сака е да се ослободи од неподносливите болки.
Во праксата се среќаваме со чуден факт. На пациентот кој е во акутна состојба прво му се препишуваат лекува против болка, со изговор дека методите во физикалната терапија се ефикасни само во подоцнежната, хроничната фза, но фактите го велат спротивното.
Во повеќе од 70 % од акутните болки во вратот, со физикална терапија, особено со масажа, акопресура и манипулативна терапија (киропрактика), многу брзо се смалуваат болките, дури многу побрзо од најчесто препишуваните лекови.

Секако сето ова важи за стручно спроведена терапија, а не за непрофесионална масажа и киропрактика која ја нудат по домови.
На самиот почеток е многу важно што побрзо да се намалат болките и да се отстранат или барем да се редуцираат присатните блокади на вратот, односно вкочанувањето. Кога ќе се направи тоа, процесот може да трае од неколку дена, до неколку недели, а потоа треба повторно да се направи преглед за да се види функционалната состојба на мускулно-коскениот состав на вратот и рамената. Кај веќе присатните дегенеративни промени, со отстранување на болката не е отстранет и причинителот на проблемот. Ако не се преземе ништо, прашање н а време е кога болките повторно ќе се појават.

Функцијата на вратот обично е загрозена од скратување на околните мускули како одговор на телото на долго седење, стоење или воопшто физичка неактивност.
Така скратените мускули освен што оневозможуваат целосна подвижност на вратот и главата и следејќи ги законите на физиката, ги повелекуваат своите припои на коските, предизвикувајќи хронични болни зони, особено во пределот на рамото и меѓулопатната регија.
Слабоста на мускулите кои го опкружуваат рамото и лопатките во долг временски период, по правило генерираат лоша положба на главата и вратот во однос на трупот, го менува односот на силите во тој сегмент, предизвикувајќи на крајот хронична мускулна напнатост и болка која тешко се лекува.