Имате чести напади на паника? Како сами да си помогнете?

Како одговор на стресот, телото се брани, а срцето работи брзо, дланките се потат, а видот на очите се намалува. Иако не постои реален ризик за здравјето, овие напади на паника се многу непријатни .

Напади на паника има секој десети човек, а според последните истражувања, дури и секој трет човек. Жените се двапати повеќе склони кон таквото однесување отколку мажите, иако сеуште не е јасно која е причината за  тоа. Нападот на паника се јавува одеднаш, силно чувство на непријатност проследено со мешавина од физички и психички симптоми, а го предизвикува ненадејна навала на хормонот адреналин кој го забрзува отчукувањето на срцето .

Оваа реакција се јавува како резултат на инстинктивното чувство на загрозеност кога телото, според принципот “нападни или бегај”, сака да се спротивстави или да побегне од она што го загрозува. Иако луѓето во текот на нападот имаат чувство дека ќе добијат срцев удар или ќе умрат, лекарите истакнуваат дека нападите на паника не се опасни за здравјето .

Тие се составен дел од телесната одбрана, предизвикувајќи зголемено отчукување на срцето кое пумпа поголеми количини на кислород во рацете и нозете, за да можеме да избегаме од опасноста или да се спротивставиме на она што не загрозува.

Во целиот организам буквално владее паника

Човек во напад на паника не може да дојде до здив, послабо гледа, дланките му се потат, телото му е растреперено, потоа се појавува гадење, вртоглавица и зголемен проток на крв до образите. Луѓето имаат чувство дека ќе се онесвестат, но медицински гледано, тоа не е можно. За да дојде до несвестица, крвниот притисок би требало да биде значително намален, а во напад на паника ситуацијата е обратна – се покачува крвниот притисок .

Што навистина се случува со телото

Сигналите не траат долго се смируваат после неколку минути, но за кратко можат да се повторат и по неколку пати, па човек ќе помисли дека тоа е напад.

Менување на мислењето од нешто лошо на нешто убаво ги прекинува нападите

За време на напад на паника можете сами на себе да си помогнете. Јога вежбите и медитацијата ги намалуваат ефектите од стресот врз телото. Исто така корисни се и  вежбите на визуелизација, кои подразбираат создавање на пријатни слики во умот, со што се одвлекува вниманието од мрачните мисли, кои делуваат вознемирувачки и може да го предизвикаат нападот.

Менувањето на рутината нема да донесе резултати

Пред сè обидете се да не ја менувате секојдневната рутина. Ритамот на живот да не го подредите на стравот и размислувањето како може да ги избегнете ситуациите за кои мислите дека потенцијално би можеле да предизвикаат напад на паника.

Смирете го дишењето и ќе ги ублажите симптомите на напад

Вежбите за правилно дишење можат значително да помогнат во ублажување на симптомите од напад на паника. За совладување на техниката на дишење ставете ги вашите раце на стомакот, веднаш над папокот, и  концентрирајте се на дишењето следејќи го подигањето и спуштањето на раката. Дишете бавно. При вдишувањето бројте до три, а при издишувањето до четири.

Кафето, гладот и алкохолот предизвикуваат стрес

Избегнувајте пијалоци кои содржат кофеин – кафе, чај и сите видови на пијалоци како Кока – Кола бидејќи ја зголемуваат возбудата и затоа поттикнуваат и тенденција на стрес. Гладта, исто така, значително го зголемува чувството на напнатост, па јадете редовно.