Каде ова лето? Вашиот хороскопски знак ќе го направи вистинскиот избор за Вас

Ако сте во дилема за дестинација за ова лето, прочитајте го нашиот хороскоп и бидете сигурни дека ќе го одберете местото кое точно ви одговара на вашиот карактер …

Овен

Овните сакаат авантура и уживаат во необични нешта како што е скијање на вода, планинарење или крстарење во специфична средина.

Бик

Биковите се опуштени, сакаат егзотични дестинации каде тие се чувствуваат удобно. Обидете се да одите на место кое е познато по својата добра храна и прекрасните пејзажи како што е некој остров во Грција.

Близнаци

Близнаци сакаат да бидат зафатени, па затоа планирајте ја вашата дестинација, која е доста содржајна и може да ви го окупира времето. За припадниците на овој знак во предвид доаѓаат само плажи каде можат да сурфаат, скијање на вода и добро да се забавуваат.

Рак

Раковите сакаат удобност и да бидат опкружени со луѓе кои сакаат, особено во близина на вода. Размислете за најмување куќа на море, езеро со друштво или пак, мили луѓе.

Лав

Лавовите сакаат гламур и многу луѓе. Идеално место за припадниците на овој знак се градовите со богат ноќен живот, кои имаат голем број на фенси клубови и ресторани како што е во Лас Вегас.

Девица

Девиците се извонредно организирани и обожуваат да истражуваат нови работи. Идеалниот одмор подразбира комбинација од вежбање јога и нови авантури. Модерен хотел на необична дестинација е вистинскиот избор за сите девици.

Вага

Вагите се романтични и сакаат да бидат опкружени со луѓе. Бидејќи секоја вага сака да се милува  идеален одмор за неа првенствено подразбира хотел резорт со дневни масажи вклучени во пакетот, а потоа сè друго.

Шкорпија

Шкорпиите се страсни и паметни, а особено ги сакаат другите култури. Одвојте една недела или две и упатете се на некое егзотично место и во обиколката вклучете го  истражувањето на  зафрлените барови и ресторани, каде што особено ќе уживате.

Стрелец

Стрелците  живеат за да патуваат. Големите простори на пример фармите се идеални опции за членовите на овој знак, кој ја сака слободата и отворениот простор.

Јарец

Јарците сакаат да ги надополнат  батериите во места кои ја искажуваат историјата. Комбинација на модерно, историја и релаксација е дефинитивно вистинската работа. Можеби Сицилија?

Водолија

Водолиите ги интересираат уникатни места и запознавањето на нови луѓе. Одлучете се за мало познато место каде што локалните жители се собираат.

Риби

Рибите се одлучуваат за дестинации кои ќе ги исполнат и ќе ги смират. Рибите и во Њујорк и во бања може да се чувствуваат како дома.