Како да се ослободите од несаканите наслаги на колковите

За да се ослободите од масните наслаги на колковите ќе треба да ја смените исграната и да вклучите физички активности во вашиот распоред.
Најважно од се е да стоите настрана од брзата и мрсна храна, шеќерите и газираните пијалоци. Масните наслаги на колковите кои изгледаат како „перничиња“ залепени на вашето тело изгледаат непривлечно и ги нарушуваат пропорциите на телото. Создаваат проблеми при изборот на гардероба, а можат да создадат потешкотии и при движењето. Според тоа, крајно време е да се ослободите од нив! Во тоа ќе ви помогне комбинација од здрава храна и физички активности. Настојувајте во вашето мени да вклучите:
– Храна богата со влакна и железо како овесни снегулки, интегрални житарки, соја
– Овошје и зеленчук кои ќе помогнат во разградувањето на мастите и забрзувањето на метаболизмот
– Чисто месо богато со протеини како пилешко и риба.

Не заборавајте да внесувате најмалку 8 чаши вода, како и свежо исцедени сокови од овошје.

Промената на исхраната ќе придонесе да го загубите вишокот килограми, а за да го обликувате овој дел од телото, се препорачуваат и следниве вежби и активности:

Одење или џогирање околу 20 минути дневно и потоа:

– Чучњеви со кои ќе ги обликувате мускулите на нозете и задникот
– Кардио вежби за топење на наслагите на колковите
– Вежби со медицинка наменети за обликување на долниот дел од телото
– Вежби за сила со кои ќе согорувате масти
– Пилатес за обликување на целото тело.