Капона, слатко и кисело предјадење за вистински гурмани

Капоната е слатко и кисело предјадење за кое навистина не постои стандарден рецепт. Се прави од комбинација на модар патлиџан, домати и целер, зачинето со засладен оцет, капери, кромид и зелени маслински.

Состојки

  • 1 голем модар патлиџан
  • 1/4 шолја + 2 лажички ладно цедено маслиново масло
  • 1 голем кромид
  • 1/2 шолја сечкан целер
  • 450 г конзервирани домати
  • 1/2 шолја зелени маслинки, исечкани на половина
  • 3 лажици капери (по желба)
  • 1/4 шолја вински оцет
  • 2 лажици шеќер
  • морска сол, бибер по вкус
  • ладно цедено маслиново масло
  • свеж босилек, исечкан

Начин на подготовка

Излупете го и исечкате модриот патлиџан и наросете малку сол на него. Ставете го во сад за цедење и оставете го одстои околу 1 час. Загрејте ја рерната на 200 степени.

Ставете го модриот патлиџан во тава за печење обложена со мрсна хартија. Попрскајте го со 2 лажици маслиново масло и печете го 25-30 минути, или додека не добие кафенкаста боја и не се смали.

Во меѓувреме, во голем сад издистајте го сечканиот кромид со 1/4 шолја маслиново масло, на тивок оган. Додадете го целерот и 2 лажици вода и динстајте уште некоја минута.

Додадете си сечканите домати и динстајте уште 5 минути. Потоа додадете ги маслинките, капарите, оцетот и шеќерот и гответе уште 10тина минути. На крај додадете го печениот модар патлиџан, промешајте и гответе уште пет минути.

Дозволете му ја патлиџанот да прими од маринадата барем еден час пред да го сервирате јадењето. Може да се сервира топло или студено, па ако сакате можете да го оставите и во фрижидер.

Пред да сервирате наросете морска сол и свежо сечкан босилек.