Кралски леб

Највкусниот и најлесниот рецепт кој од овој ден ќе биде вашиот омилен неделен доручек или лесна вечера за вас и вашето семејство. Одберете го вашиот омилен леб, бел , црн, интегрален …

pull-apart-bread
Со нож изрежете го на ситни коцки (внимавајте кога ги правите коцките со ножот. додека ги сечкате ножот максимум нека се движи до средишниот дел на лебот). Помеѓу коцките наредете парчиња вкусен млечен кашкавал по ваш избор. Убаво посолете и додатете оригано и зачини по желба. Откако ќе завршите со зачинувањето додадете ситно исецкани кругчиња од млад кромид што ќе го збогати вкусот на вашето кралско лепче.

Завиткајте го лебот во алуминиумска фолија и печете во загреана рерна 15 минути. Потоа извадете го лебот одвиткајте го од алуминиумската фолија и повторно вратете го во загрената рерна и печете уште 10 минути.
Доколку имате посилна фурна печењето скратете го на 5 минути.

Добар апетит !