Крем-салата со макарони

Производи:
1 чаша мајонез + 1 лажица
¼ чаша бел оцет
2 лажици  сенф
2 лажички сол
½ лажичка црн пипер
1/8 лажичка чили
1 супена лажица шеќер
1 чаша ситно сечкани коцки целер
¾ чаша црвена пиперка ситно сецкана
½ чаша рендан морков
½ чаша свеж кромид, сецкан
¼ чаша пиперка исечена на ситно
1 пакетче макарони

Подготовка:
Измешајте во сад 1 чаша од мајонезот со оцет, сенф, сол, двата вида пипер. Промешајте и додадете шеќер. Повторно промешајте. Додајте го целерот, лутите пиперки, моркови.

Складирајте оваа мешавина во фрижидер.

Во посолена вода сварете макарони. Потоа исцедете ја водата и исплакнете со ладна вода. Исцедете ја водата и префрлете ги макароните во голем сад. Врз нив истурете ја смесата со мајонезот, зеленчукот и зачините. Измешајте добро, за да се разнесе рамномерно смесата по макароните.

Покријте со пластичната фолија за свежо складирање и оставете околу 4 часа во фрижидер. Пред сервирање измешајте уште еднаш. Додадете 1 лажица мајонез и 1 лажица вода, за да го освежите изгледот на салатата.