Лемонидиа диета…слабеете по еден килограм дневно

Многу истражувања покажале дека лимонот помага при процесот на согорување на масните наслаги , па затоа диетата со лимон ќе ви помогне да го реализирате она што од секогаш сте го посакувале. Со оваа диета ќе слабеете многу брзо, речиси по еден килограм дневно.

Диетата се нарекува уште и “чистење со лимон“ бидејќи феноменално го чисти организмот од натрупаните токсини. За многу брзо време вашиот имунолошки систем ќе зајакне поради отсуството на отрови во истиот.

Оваа диета е исто така позната и како “Диетата на Бијонсе“, бидејќи ѕвездата со помош токму на оваа диета успеа да намали цели 38 килограми после бременоста.

Состојки:

8 чаши вода

Сок од 6 лимони

½ чаша мед

Мраз неколку коцки

10 листови од нане

Затоплете ја водата, но не треба да зоврие или да биде врела. Не повеќе од 60 степени. Додадете ги сите состојки и оставете смесата да отстои во фрижидер неколку часа. На крај се цеди и пијалокот е готов. Секоја чаша се пие со по една коцка мраз, бидејќи организмот троши дополнително енергија за да ја затопли студената храна или пијалоци.

Пред појадокот се пие една чаша од лимонадата. Појадокот се состои од овошна салата по избор. Во 11 часот се пие втората чаша лимонада во комбинација со неколку непечени бадеми како ужинка.

За ручек имате едно варено јајце и марула салата зачинета со маслиново масло и јаболков оцет кој исто така ги топи масните клетки.

Во 16 часот треба да испиете уште една чаша од лимонадата и едно овошје по избор.

За вечера имате риба или бело пилешко на скара и сезонска салата по избор.

Два часа пред легнување се пие уште една чаша од лимонадата.

Доколку вашата цел не е да намалите килограми, а само да го прочистите организмот од токсини, треба да ја испиете целата количина во текот на денот. Тоа треба да го правите најмалку пет дена, а при тоа да внимавате да не јадете штетна храна.