Лажниот мед е опасен… Како да проверите дали јадете природен мед?!

Медот е многу хранлив, но за да се уживаат неговите добри страни, мора да се препознае дали е чист или пак не. За среќа, има начини како да дознаеме дали медот е чист, а се лесни и едноставни.

Секако, едно од првите работи кои треба да ги направите – и веројатно најлесната работа е да прочитате што пишува на теглата пред да ја купите. Прочитајте дали има некакви адитиви  или други супстанци кои произведувачите го додале на медот за да видите дали има вештачки вкусови, дали е многу благ или пак органски.

Доколку не сте убедени и сакате само сиров мед, тогаш најдобриот начин е да купите мед од човек кој што одгледува пчели. Можете да бидете сигурни дека медот кој тој го продава е непроцесиран затоа што е земен директно од изворот.

Но, проблемот е дали медот е вистински или лажен. Важно е да знаеме како да ја провериме разликата помеѓу вистинскиот и лажниот мед, за да можеме да го добиеме она што го купуваме за своите пари, но и да ги добиеме важните придобивки од него.

Тест на палецот:

Има уште еден начин да се провери чистината на медот:

Земете малку мед и ставете го на ноктот на вашиот палец.

Доколку медот почнува да се разлева надолу, тогаш тој мед не е чист, но доколку е чист мед тој ќе формира топче и ќе стои на вашиот нокт.

Тест со вода:

Друг начин да се тестира чистината на медот е преку тестот со вода. Еве ги чекорите:

Наполнете чаша со вода. Земете лажица мед и ставете ја во водата. Доколку се раствори веднаш, тоа не е чист мед.

Вештачкиот мед ќе се раствори веднаш и ќе се рашири низ чашата. Од друга страна, чистиот мед ќе се наталожи на дното на чашата.

Сигурно се прашувате зошто е толку важно да се купи вистински мед. Медот мора да доаѓа од пчели. не од било каква фабрика. Чистиот, вистински мед е органски и природен, но лажниот мед има и други состојки како на пример:

  • Декстроза
  • Глукоза
  • Меласа
  • Инвертен шеќер
  • Шеќерен сируп
  • Сируп од пченка
  • Брашно
  • Скроб

Одредени медови имаат други адитиви кои не се споменати погоре. Доколку не се работи за цветен нектар, не е чист мед. Чистиот, природен мед има околу 16 минерали, 21 витамин. 18 амино киселини и фитонутриенти заедно со антиоксидансите и зацелувачките способности во само 30 грама. Не сакате да ги пропуштите овие нутриенти плус уште многу здравствени придобивки, за да купите некоја поефтина варијанта.