Минус 9 кг за само 14 дена

По оваа диета доаѓа до промена на метаболизмот, па ако продолжите нормално да јадете во следните две недели по диетата, изгубените килограми нема да се вратат.

План за исхрана:

Понеделник
Појадок: црно кафе без шеќер
Ручек: 2 варени јајца, спанаќ варен во солена вода (количината не е ограничена)
Вечера: 1 голем стек или бифтек печен на 1-2 лажици масло, зелена салата

Вторник
Појадок: црно кафе без шеќер, 1 мала земичка
Ручек: 1 голем стек на жар, зелена салата, овошје по желба
Вечера: варена шунка (количината не е ограничена)

Среда
Појадок: црно кафе без шеќер, 1 мала земичка
Ручек: 2 варени јајца, зелена салата, 1 домат
Вечера: шунка (количината не е ограничена), зелена салата

Четврток
Појадок: црно кафе без шеќер, 1 мала земичка
Ручек: 1 варено јајце, варена репка или морков, 100 гр. свежо сирење
Вечера: овошје, јогурт (количината не е ограничена)

Петок
Појадок: црно кафе без шеќер, изрендан свеж морков или репка со лимон Ручек: варена риба, 1 домат
Вечера: 1 голем стек на жар, зелена салата

Сабота
Појадок: црно кафе без шеќер, 1 мала земичка
Ручек: пиле на жар
Вечера: 2 варени јајца, свеж морков или репка

Недела
Појадок: чај со лимон (без шеќер)
Ручек: 1 голем стек печен на 1-2 лажици масло, салата по избор, овошје по избор
Вечера: по желба изберете нешто од менито.

Повторете го истото мени во следните 7 денови.

Морате да пиете најмалку 2 литри течности дневно, најдобро вода, но можете и чај без шеќер или лимонада без шеќер. Алкохолот е строго забранет.

Салатата можете да ја зачините со оцет или лимон и сол.

Овошјето, салатата, морковот или репката можете да ги јадете во неограничени количини кога се наведени на менито.

Стекот можете да го зачините со сол, бибер, зачини. Најдобро да користите стек од околу 250 гр., од немрсно месо како пилешко, јунешко или телешко.
Наместо шеќер можете да користите вештачки засладувач.

Се препорачува дополнително внесување на витамини и минерали во текот на диетата.

Ако стриктно се придржувате на диетата, по 14 дена ќе изгубите околу 9 килограми. По 2 недели почнете нормално да јадете. Ако сакате да ја повторите диетата, морате да почекате да поминат 14 дена од првиот циклус.

По оваа диета доаѓа до промена на метаболизмот кој потоа не се менува во следните 3 години.

Диетата се препорачува на лица кои немаат никакви здравствени проблеми. Најдобро е пред почнувањето на диетата да се консултирате со лекар.