Моќта на целерот: Прочистувач на Вашиот организам и силен афродизијак!

Целерот претставува здрава и вкусна ужина – само исецкајте го на мали парчиња, по желба, додатете сок од лимон и вашата закуска е подготвена.

Иако целерот денес најчесто го користиме само како додаток на храна, до 17-от век се користел само за медицински цели. Целерот се користи во целост, од коренот до неговите листови, а сите негови делови се многу здрави и нискокалорични.

Што му обезбедува целерот на Вашиот организам?

Доколку имате проблеми со крвниот притисок, ова растение има одлично дејство во неговото намалување, а и познат е како прочистувач на организмот, бидејќи е одличен диуретик. Спречува надуеност и помага при варењето на храната. Покрај тоа што е богат со растителни влакна, ги содржи и витамините K, C и B, како и калциум и фолна киселина.

Од целерот, исто така можете да направите пире кое ќе биде извонреден додаток на вашето главно јадење, или пак, како главен додаток на вашето омилено рижото.
Целерот се смета за силен афродизијак, па наместо чипс, грицкајте целер!