Морено диета

Доктор Мајкл Морено осмисли нова диета која е најголем хит во светот. Тој е автор на книгата “Диета 17 дена” во која има напишано правилник за исхрана со кој гарантира дека намалените килограми нема никогаш повеќе да ги вратите. Планот на диетата се состои од четири циклуси. Секој циклус се состои од 17 дена кога корисниците јадат најизменично јаглехидрати, протеини и скроб.

Морено тврди дека 17 дена е идеален временски пероид по кој телото почнува да го препознава програмот на диетата. Со други зборови, на секои 17 дена го менувате начинот на исхрана и така предизвикувате “метаболичка конфузија”.

Освен тоа што на секои 17 дена ќе го менувате видот на исхраната треба да запомните дека мајонезот треба да го замените со сенф, лукот и циметот да се често застапени, јадете што повеќе зачини, не јадете овошје по 14 часот, јадете овошје наместо шеќер.