Морковот спречува појава на акни

Овој коренест зеленчук постои повеќе од 5000 години. Поради големото богатство од витамини, минерали и хранливи материи оваа храна обезбедува целосна прехрана за нашето тело.

Морковите содржат каротеноиди, кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Исто така, тие содржат и диететски влакна кои го намалуваат нивото на холестеролот во крвта и помагаат во отсранувањето на жолчните кислени.

Бета каротенот кој го има во морковите во нашиот црн дроб се претвара во витамин А, без кој не би можело да функционираат сетилата за вид и слух.

Тој е добар за нега на кожата, спречува појава на акни, а исто така врши превенција од рак на дојка и дебелото црево