Најмоќната супа која лечи од многу болести … Рецепт …

Се сеќавате ли на супата која вашата баба ја готвела секој ден. Колку и да се обидувате да направите иста таква супа не ви оди од рака.

Еве во што е финтата: Вашата баба во супата ставала телешки и пилешки коски.

Супата од коски е природен антибиотик. Полна е со хранливи материи и лечи од многу болести.

Рецептот е едноставен: Една коска ставете во лонец со доста вода и оставете да зоврие, после некое време додајте морков и целер, пашканат и кромид. А потоа додајте тестенини и зачини.

Чинија од оваа супа го штити цел организам и го зголемува имунитетот.

Го зголемува внесот на минерали

Домашната супа од коски е преполна со хранливи материи кои ги нема доволно во денешната модерна исхрана. Едноставната супа изобилува со минерали како што се калциум, фосфор, магнезиум и калиум, и тоа во обилици кои вашето тело може лесно да ги апсорбира.

Д-р Ејми Мајерс специјалист за автоимуни болести препорачува супа кај пациенти кои боледуваат од синдромот на иритантни црева.

„Желатинот од коските ја заштитува и лечи слузокожата на дигестивниот тракт и помага во варењето на хранливите материи. Овие аминокиселини се важни за здрав стомак и варење“.

Лечи воспаленија

Што отечените зглобови и автоимуните болести имаат заедничко? Тие се често резултат на воспаление, предизвикано од стрес и лош избор на храна.

„Супата од коски содржи хондротин сулфат и глукозамин, соединенија кои го ублажуваат воспалението, артритисот и болките во зглобовите. Глицин – аминокиселина која се наоѓа во коските може да биде многу смирувачка“, вели Мајерс.

Гарантира подобар изглед

Супата од коски содржи колаген, протеин кој при готвењето формира желатин. Желатинот од коските придонесува за здрава кожа, коса и нокти.