Направете 9 литри природен сок од само 4 портокали

Состојки:

– 4 портокали
– 1 кг. кафеав шеќер
– 30 грама лимонтус
– 9 литри вода

Подготовка:

Портокалите добро измијте ги, прелијте ги со врела вода за да ја отстраните горчината, избришете ги и ставете ги во замрзнувач на час-два. Извадете ги од замрзнувач, исечете ги и сомелете ги во машина за мелење месо или во блендер. Смесата прелијте ја со три литри вода. Добиената маса оставете ја да отстои десетина минути. Потоа процедете, па во процедениот сок додајте 6 литри вода, шеќер и лимонтус. Мешајте додека шеќерот не се расстопи и ставете го сокот во шишиња.