Наздравете со шампањ за добро здравје !

Почитувани уживатели на доброто пенливо вино имаме одлична вест за вас… Шампањското е здраво и за срцето и за мозокот, открива групата на британски научници по направеното истражување. 

Шампањското содржи полифеноли кои ги шират крвните садови и го штитат телото од штетното дејство на слободните радикали. За погодностите на виното одамна сме зборувале, особено за црното вино. Иако малку чудно, но факт е дека постојат и голем број на пенливи вина кои се направени од сорта на црно грозје, што ги прават подеднакво добри како и црното вино.

Една чаша шампањско дневно е идеална мерка за добро здравје. Ова се должи како што рековме на присутноста на полифенолите кои се идеални за нашиот организам.

Сепак полифенолите не се присутни само во алкохолните пијалоци како што е виното. Ако не сте љубител на вината, а сакате да внесете полифеноли, тогаш почесто конзумирајте, чаеви, сок од боровинка, лук, брокула, грозје и сл.