Нега на чувствителна кожа

Доколку имате осетлива кожа и самите знаете дека морате да обрнете посебно внимание на производите кои ги користите. Но, и во овој случај постојат природни начини кои ќе допринесат за убавината на вашата кожа.
 
Потрудете се вашата кожа да ја негувате со природни состојки. На пример, пилингот може да биде многу ризичен. Затоа, наместо груб орев, за пилинг може да користите јагоди кои се многу поблаги.
 
Додека ја чистите кожата, мора да бидете многу нежни. Не го бришете лицето со пешкир, туку со мека ткаенина или хартија за бришење на лице. Ако имате осетлива кожа мора да бидете внимателни кога е во прашање чистењето. Нема сомнеж дека секоја кожа ја сака водата, но кога станува збор за осетлива кожа, честото миење можа да предизвика контраефект – вашата кожа ќе биде сува и груба.
 
Многу е важно да ги знаете сите состојки кои ги користите на осетливата кожа. Никогаш не користете состојки кои содржат алкохол, млечни киселини и слични состојки кои можат да додатно да ја исушат вашата кожа. Исто така, не би требало да користите премногу парфемирани производи.
 
Не претерувајте ни со третманите за лице, бидејќи не се добри за осетлива кожа. Такви третмани доволно е да правите еднаш во два месеци.