Новата „Саси“ вода за слабеење

Постојат разни диети и вежби кои ветуваат неверојатни резултати, но обично тоа едноставно не успева. После седум дена конзумација, како што пишува Run Healthy Lifestyle, водата ќе ви помогне да изгубите четири килограми и да го намалите обемот на струкот, ако во неа додадете состојки кои сигурно ги имате дома.

Потребни состојки:

– 8 чаши филтрирана вода
– 1 лимон
– 1 краставица
– свеж ѓумбир
– свежи листови нане

Подготовка:

Измијте го и исечете го лимонот, па ставете го во сад во кој претходно сте ги ставиле осумте чаши вода. Потоа додајте ја краставицата исечена на кругови. Ставете осум до 12 листови нане. Следниот чекор е да го излупите ѓумбирот и да го изрендате во смесата. На крај измешајте ја смесата, покријте и ставете во фрижидер. Наредниот ден, напивката веќе подготвена за конзумација.

Можете да ја пиете кога сте жедни, а по седум дена ќе забележите резултати. Иако звучи неверојатно, треба да пробате.

За седум дена, како што се тврди, ќе изгубите четири килограми.