Ослабела 50 килограми за 10 месеци без вежбање

Сите оние кои се обидуваат да ги изгубат тие неколку килограми вишок, знаат колкава мака е тоа. Ви се чини дека што и да пробате, тие последни три килограми едноставно не сакаат да ве „напуштат“. Сепак, сè е прашање на волја и упорност, а примерот на оваа девојка покажува дека навистина е така. Таа успеала да ослабе 50 килограми за само 10 месеци. Еве како.
Горда на својот успех, корисничката под име Лили објавила на Imgur свои фотографии пред почетокот на диетата и откако успеала да ослабе неверојатни 50 килограми. И тоа, за само десет месеци.

Со 50 килограми помалку, Лили изгледа неспоредливо подобро, а покрај фотографиите кои го докажуваат тоа, таа открива и како успеала.

„Јас не сум доктор, само споделувам со вас што ми помогна мене. Јас се одлучив за кетогена исхрана. Внесувам околу 20-25 нето јаглени хидрати дневно. Всушност, кога вашето тело не може да ги користи јаглените хидрати, мора да ги согорува мастите. Измеѓу 90% и 95% од мојот внес на јаглени хидрати доаѓа од зеленчук, со голема количина на протеини од пилешко, говедско, мисиркино месо итн.

ff
За оние кои бараат причина или мотивација: само почнете и немојте да мамите! Исфрлив сè од дома два дена пред Божиќ и не погледнав назад. Шлаканицата која ме освести беше кога застанав на вага и сфатив дека имам 30 килограми повеќе отколку што мислев. Ќе си бидете благодарни сами на себе за една година (или за 10 месеци). Верувајте ми. Планирам да изгубам уште килограми.

Што е кетогена исхрана?
Кетогената исхрана подразбира мени во кое максимално се намалува внесот на јаглени хидрати во текот на денот. Исклучителната популарност оваа диета ја стекна благодарение на можноста за брзо губење на голем број килорами. Нејзиното мени се базира на најмал внес на калории, а притоа се јаде храна богата со протеини.

Како функционира?

Кога на организмот ќе му го ограничиме внесот на шеќери (јаглени хидрати), телото црпи енергија од кетоните, кои доаѓаат од постоечките масни наслаги. На тој начин, се топат масните наслаги, кои телото ги користи како енергија која ние потребна во текот на денот. Сепак, за да дојде до тоа, важно е внесот на протеини да ги задоволува дневните потреби, бидејќи доколку не е така, започнува процес на разградување на масното ткиво.

Што смее да се јаде?

– Од месо е прифатливо речиси сè: пилешко, телешко, говедско, свинско, потоа шунка, сланина, масни преработки итн.
– Сите видови на риба се дозволени, вклучувајќи скуша, лосос и туна.
– Млеко и млечни производи: јогурт и сирење се исто така дозволени.
– Важно е да се нагласи дека никако не треба да конзумирате леб во текот на диетата.