Овој трик не го знаете! Како најлесно да се ослободите од црнките на лицето

Сигурно сте слушнале за бројни начини за нивна елиминација, а можеби за некои од нив сте прочитале и на нашиот портал. Во некои случаи, црнките може да бидат меки, па лесно може да се отстранат со пилинг и чистење на лицето.

Но некои црнки се „скаменети“ и тврди, и често длабоко под кожата се поголеми отколку отворот на пората, па затоа многу тешко се отстрануваат дури и со стискање, кое треба да го изврши само стручно лице.

Ако имате црнки и митесери, а сте во потрага по трајно решение кое е брзо и безболно, тогаш ви го откриваме овој трик кој го пронајдовме на интернет и за кој луѓето кои го испробале пишуваат дека навистина е ефикасен.

Потребни состојки:

-паста на база на ментол (нане)

-сол

-2-3 коцки мраз

-лажица за мешање

-мал сад

Постапка:

Измешајте 1 лажица сол со 2 лажици паста за заби која содржи нане. Добро промешајте за да добиете убава паста. Нанесете од пастата на носот или областа со митесери, па оставете околу 5 минути да се исуши.

После 5 минути, додадете малку вода па масирајте нежно со кружни движења. Кога вашата кожа ќе се исчисти, исплакнете па завршете со нежни движења со коцка мраз.

Ова ќе помогне чистите пори да се затворат. Тоа е тоа, вашиот нос ќе биде чист и мазен.

Како делува?

Солта е природен антибиотик и врши пилинг на кожата. Солта не може да се раствори во пастата за заби и затоа, ова е најдобрата комбинација.

Нане-пастата за заби во ги отвора порите и ги убива сите бактерии. Пастата за заби длабоко ги чисти порите и ги отстранува црнките.
Забелешки:

Носот може да се зацрвени, но црвенилото ќе исчезне по кратко време.

Оние кои имаат сува кожа треба да користат хидрантен крем по третманот.

Многу е важно да се направи многу нежна масажа.