Јаболкото го штити срцето

Едно до две јаболка на ден можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања, се вели во најновото истражување.

Според студијата, секојдневната конзумација на јаболкото го намалува нивото на холестерол во крвта и на други два маркери кои се асоцирани со појава на плаки и воспаление на артериските крвни садови.

Студијата беше објавена во списанието “Експериментална Биологија” во Вашингтон.

Кога ќе се согледаат резултатите добиени од истражувањето, дефинитивно се заклучува дека јаболкото е од огромна корист за човекот. Според некои истражувачи, јаболкото има улога и во регулирањето на крвниот шеќер, контролата на апетитот и делува заштитно за белите дробови.

Во ова истражување учествувале 160 жени кои биле одбрани без никаков редослед, и биле задолжени да конзумираат по едно до две јаболка секој ден. После една година кај овие жени се забележал пад на холестеролот во просек за 14 проценти, и пад на телесната тежина во просек за 1,5 килограми.

Јаболкото е богато со пектин, кој ја блокира апсорпцијата на холестеролот во гастроинтестиналниот систем, и го охрабрува организмот да ги троши резервите.

Јаболкото содржи и антиоксиданси кои ја штитат клетката од оштетување од слободните радикали.

Без разлика каква сорта е јаболкото, тоа има корисен ефект за човековото здравје. Затоа, пробајте да го вметнете јаболкото во Вашата секојдневна исхрана.