Палачинки со меурчиња кои се топат во уста

Палачинките со дупчиња не се „грешка“ или неуспешен краен резултат, напротив, за нив постои таен руски рецепт.

За да ги добиете палачинките со дупчиња кои се топат во уста, потребни ви се следниве состојки:

  • 1 шолја јогурт
  • 1 јајце
  • 1 шолја брашно
  • 1/3 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка масло
  • ½ шолја кисела вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/3 лажишка сол

Подготовка:

Јогуртот, јајцата, шеќерот, солта и брашното измешајте ги во еден сад.

Во шолјата со кисела вода додадете ја бикарбоната, измешајте и брзо додадете ја во садот со останатите состојки за да направите тесто.

Измешајте добро и оставете го тестото да отстои 10 минути.

Потоа печете тенки палачинки на масло во загреана тава.